Партизан Гевгелија освои три бода, 13 гола на Тасески беа премалку за Јехона

Ракометарите на Партизан Гевгелија прославија триумф над Јехона со 34-32 во натпревар од 7 коло во прволигашкиот плеј-аут.

Гостите од Гостивар парираа во еден дел од првото полувреме, но попуштија во финишот и гевгеличани направија плус седум, 20-13.

Во последните десетина минути Јехона се врати на минус еден, 31-30, но немаше сили за комплетен пресврт па бодовите останаа во Гевгелија.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ангелов и Михајловиќ со по осум гола, додека шест постигна Лисичков.

Кај Јехона се истакнаа Мојсе Тасески со 13 гола, како и Марковиќ и Живкоски со по пет погодоци.