Парондо донесе поранешен вардарец во Мелзунген (ФОТО)

Ракометарот кој беше дел од екипата на Вардар при освојувањето на вторта круна, Глеб Калараш ја смени средината и во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на екипата на Мелзунген.

Калараш ја почна сезоната во тимот на Балинген, но поради проблемите со повредата на Фин Лемке, мораше да се најде друго решение за одбраната. Одлуката падна на Глеб Калараш, кој добро му е познат на Парондо. Ракометарот од Русија е еден од подобрите дефанзивци така што немаше дилеми околу неговиот ангажман.

Каралаш на почетокот на септември пристигна во Балинген како замена за Кристијан Беќири. Сега откако репрезентативецот на Хрватска заздрави од повредата и се врати на терен, немаше никаков проблем Калараш да замине и да е пресели во редовите на Мелзунген.

Оттаму Калараш е веќе подготвен за настап во новиот клуб и одново ќе работи со тренерот со кој во 2019 година дојде до титулата во Лигата на шампионите.