ПАОК на Николиќ и Тасевска продолжува без пораз во Грција

Тимот на ПАОК, каде што играат двете македонски интернационалки, Марија Николиќ и Марија Тасевска, имаше лесна задача против Панорама и триумфираше со убедливи 31:21 во натпревар од грчкиот шампионат.

На полувреме, Николиќ, Тасевска и нивните колешки имаа предност од 18:11, додека во вториот дел целосно го скршија отпорот на противникот.

Николиќ имаше солидна партија, запиша три гола и даде голем придонес во одбраната на својата екипа, додека Тасевска не се запиша во листата на стрелци. Победата над Панорама беше петта во низа за екипата на ПАОК која заедно со Неа Јонија се непоразени во најсилното женско натпреварување во Грција.

Двете екипи се лидери на табелата со десет освоени бодови, но екипата на Неа Јонија поради подобрата гол разлика се наоѓа на лидерското место. Во 6. коло, ПАОК ќе се соочи со фенерџијата Драма.