„Пантерот“ Томовски во изборот на ЕХФ за одбрана на мечот со Турција (ВИДЕО)

Мартин Томовски имаше седум успешни одбрани на мечот меѓу Турција и Македонија, меѓу кои и контри на противникот, но и седмерци. Македонија победи со 36-27 со што нашите ракометари направија уште еден чекор до пласман на ЕП 2024 година.

Во изборот на медиа тимот на ЕХФ од натпреварот, како најинтересни моменти се најде и една одбрана на Томовски кој одбрани чист контранапад на Турција во второто полувреме со што само ја потврди добрата форма, сопствената но и на репрезентацијата во овие квалификации за ЕП.

Томовски не беше во тимот на првиот меч против Луксембург, но сега на важното гостување во Ван покажа дека се одличен тандем со Никола Митревски.

По два одиграни кола Македонија е на врвот со две победи, и две високи победи. Две победи во нашата група има и репрезентацијата на Португалија која заедно со Македонија, Луксембург и Турција се борат за место на ЕП.