Паличка: Никогаш не сум плачел толку многу, за ова сонував уште како дете

Репрезентацијата на Шведска по 20 години повторно се искачи на европскиот врв, откако славеше над Шпанија со 27-26.

Еден од најдобрите поединци на целиот турнир кај Швеѓаните беше голманот Андреас Паличка. Тој во финалето собра десет интервенции.

„Се бориш и паѓаш. Има горе и доле. Мислам дека се разболев од толку емоции. Ова е остварување на мојот сон. Уште како дете замислував како освојувам златен медал со Шведска. Среќен сум. Не знам што да кажам, никогаш не сум плачел толку многу“, изјави Паличка.

Шведска и се одмазди на Шпанија за поразот во финалето на ЕП 2018 во Хрватска, и ја спречи „фуријата“ да освои трета титула во низа.