Пак ќе се бараат линкови: МТВ ќе ги пренесува само домашните мечеви на Вардар во ЛШ!

Спортската редакција на Македонската телевизија денеска објави дека во продолжение од сезоната ќе ги пренесува само ДОМАШНИТЕ натпревари на Вардар од Лигата на шампионите.

Станува збор за дуелите против Мотор на 15 февруари и Монпелје на 29 февруари. Секако на овие две средби ќе се придодат и евентуалните во осминафиналето и четвртфиналето.

За гостинските натпревари против Порто и Кил, навивачите и љубителите на ракометот ќе мора да се снаоѓаат со други ТВ канали кои пренесуваат дуели од Лигата на шампионите или со линкови од интернет.

Причините за ваквиот развој на настаните можете да прочитате во продолжение.