Тимот на Пролет се рехабилитираше за катастрофата во Битола од Еурофарм Пелистер во Суперлигата и обезбеди групна фаза во Купот на Македонија.
Избраниците на Андон Бошковски без мака и со половина сили го совладаа прволигашот Кичево со убедливи 51-21.
Во првиот дел одбраната на домашниот тим прими само пет голови, а нападот постигна дури 24, на кои додаде уште 27 во второто полувреме.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Доне Мајнов со 14 голови и Виктор Додевски со девет, додека кај Кичево се истакна Дамјан Наумовски со пет погодоци.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27