Охриѓани убедливи, му се придружија на Вардар во осминафиналето од Купот

Ракометарите на Охрид се првите осминафиналисти во Купот на Македонија откако денеска без никакви проблеми дојдоа до победа од 38:21 против составот на Преспа.

Охриѓани од почетокот на средбата наметнаа силно темпо и знаеја да ја контролираат средбата. Гостите од Ресен не можеа да парираат. Се виде квалитетот на тим од Супер и од Првата лига, па тоа доаѓаше до израз постојано на теренот.

Охрид ја користеше секоја шанса за да дојде до погодок и постојано ја зголемуваше предноста која на крајот од првото полувреме беше 20:10.

Овие плус десет во продолжение само беа зголемени за на крајот да биде обезбедена убедлива победа од 38:21 и да се потврди местото во следната рунда од Купот каде што директно е пласиран составот на Вардар.

ОХРИД – ПРЕСПА            38:21 (20:10)

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Наум Танески од Струга и Пеце Стефановски од Охрид. Делегат: Славчо Ристевски од Охрид.

ОХРИД: Брауновиќ, Ковачески, Наумоски 6, Костов 9, Николов, Шилегов, Шулески 3, Младеновиќ 2, Ристески 8, Шипинкоски 1, Додиќ, Димитриески 4, Милошевиќ 3, Грубор 2

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.

ПРЕСПА: Тасевски, Милошевски 1, Мазинковски 3, Машковски 1, Тунтевски 4, Ставревски 4, Божиновски 6, Џуклевски 2, Ристевски, Крстевски, Христовски

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 2 мин.

Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот

Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27