Охриѓани не се штедат, фатија пеколно темпо на жешкото време (ФОТО)

Ракометарите на Охрид работат максимално на стартот на подготовките така што се прави сè во новата сезона да влезат подготвени за новите предизвици.

Тренерот Раде Стојановиќ ги предводи момците во уште една сезона и веќе добро знае со каков потенцијал располага за новиот шампионат така што добро знае што му е потребно во оваа фаза од тренинзите.

Како изгледа на тренинзите на Охрид можете да погледнете подолу. Наутро се работи на отворено на атлетската патека на стадионот, додека потоа има тренинзи и во салата за кревање товар. Максимално се ангажирани сите така што се работи во пеколно темпо.