Охрид сака место во Европа и некој „скалп“ на фаворитите

Со потпишувањето на Црногорецот Владо Кастратовиќ, тимот на Охрид го комплетираше составот за следната сезона за настап во машката Супер лига. Тимот кој и сезонава играше во плејофот, но остана на последното место, сега има цел и амбициите да се „брка“ излез во Европа, па и некој „скалп“ на тимовите на Вардар или Еурофарм Пелистер.
Охрид потпиша повеќе нови играчи, и сите се на најмалку две сезони, најавувајќи дека сакаат да имаат тим з аповеќе години, кои допрва треба да се воигра и да покаже резултати.

Во новата сезона Охрид ќе игра во Група ! заедно со екипите на Вардар, Бутел, Струга, Прилеп, Алкалоид, Куманово и Вардар Неготино. Првите четири тимот од регуларниот дел на сезоната ќе разигруваат за титулата, а другите за опстанок.
Досега нови засилувања се Тоше Ончев, Виктор Василевски, Хазаин Рустемов, Даниел Андоновски, Стефан Бошкоски, Зураб Цинцадзе, Владимир Бојаниќ, Никола Грубиќ и Балша Чејовиќ. Од лани останаа капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасески и Кристијан Димитриески.

„ Направивме тим за респект. Тимот претходните години беше непрепознатлив. Треба да се вратиеме со една голема борбеност и поголема ефикасност. Тимот е направен за подолги патеки. Сакаме добар успех, тоа значи излез во европски купови. Зошто да не изненадиме и некои од големите екипи, како Вардар или Еурофарм Пелистер кога ќе гостуваат во Охрид, вели Горан Андоновски, тренерот на Охрид. „Ова е турбилентна сезона. Ќе биде голема борба за место на табелата. Се надевам дека ќе биде успешно, ќе играме поатрактивен ракомет. И во регуларен дел од превенство ќе имаме доби резултати. Сакаме полека, полека да се создава атмосферата.
Да не правиме притисок, да видиме како ќе биде работата на терен“.

Подготовките за новата сезона почнуваат на 3 август. Ќе се работи осум дена во Охрид. На 11 август се оди во Маврово на „полнење на батериите“. После 20 август ќе следат подготвителни мечеви. На 3 септемрви почнува Супер лигата со гостување на третопласираниот Бутел.

„Јас лично сум емотивно врзан со Охрид, и ќе дадам се од себе, и професионално, но сакам да го вратиме Охрид да има подобар пласман од последниве сезони. Уште во првите разговори од управата видов голем ентузијазам од градоначалникот и управата. Иако имав повеќе понуди, дојдов во Охрид бидејќи Охрие е во моето срце. Ми беше кажано дека ќе ја напуштат екипата многу играчи. Прво што сакав е да направам помлада екипа, и мислам дека успеавме. Сите мои барања во 99 отсто беа исполнети. Сите играчи кои ги потпишавм се помлади. Сакам да играме брз ракомет, да го заборавиме ова од пред три години и да даваме повеќе голови. Сите играчи играат во два правци. Ќе имаме краток период и треба да се воигра таа екипа. Имам голема желба за работа и се надевам повторно ќе играме пред полна сала. Охриѓани знаат пто е квалитетен ракомет, вели Горан Андоновски, тренерот на Охрид.

Градот целосно е зад клубот, особено со градоначалникот Кирил Пецаков е поранешен играч на Охрид. Тие и досега беа зад клубот, а сега сакаат да му озвоможат уште подобри услови за постигнување на нови добри резултати. Ракометот останува спорт број 1 во градот.

„Благодарност до Општината и градоначалникот за поддршката. Составот што го имаме сега има договори од најмалку две сезони. Имаме тим од кој очекуваме подобар пласман од претходните сезони. Најважно е да сме подржувани од охриѓани да имаме полна сала. Да обезбедиме пласман во Европа, а зошто да не падне во Охрид и еден Вардар или Еурофарм Пелистер, вели Славчo Ристески, спортскиот директор на клубот.