Охрид од денеска со нов лидер, доби нов претседател

Екипата на Охрид, која при прекинот на сезоната се наоѓаше на 2. позиција во Супер машката лига од денеска има нов предводник. После оставката на Димитар Василевски, мораше да биде организирано собрание на кое за нов претседател беше избран Виктор Мизо.

Тој ќе има одговорна задача за да продолжи со успешниот раст на клубот кој во последната сезона забележа добри резултати, но прекинот поради пандемијата со коронавирусот го спречија клубот да може да го потврди квалитетот и во плеј-офот.

Според најавите од Охрид во раководството остнуваат истите членови како досега, па единствената промена се чини ќе биде само на претседателската позиција. Секако и целта ќе биде иста, па она што не можеше да биде остварено сезонава ќе може да се сработи во следната.