Охрид нема да се пријави за учество во Лигата на Европа!

Покрај Металург, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје, Македонија можеше да има уште еден или два претставника во Лигата на Европа.

Но откако стана јасно дека Пролет нема да се пријави, за истиот чекор се реши и тимот на Охрид, за кој првично имаше најави дека ќе бара вајлд-карта.

„Целокупната ситуација влијаеше да донесеме ваква одлука. Ние се надевавме дека пандемијата на вирусот Ковид -19 ќе се смири, гледачите ќе се вратат на трибините и европските мечеви ќе видат вистински празник во Охрид. Плановите и програмагата за подготовките се направени и фокусирани сме на што подобар резултат во Супер лигатa“, изјавија од раководството на клубот за „Ohridnews“.

Oхриѓани ќе ги започнат подготовките на 27 јули, а според најавите на тренерот Раде Стојановиќ, можно е ростерот да биде надополнет само со уште еден нов играч.