Охрид минимално поразен од Ловќен

Тимот на Охрид со минимален пораз 25-24 од составот на Ловќен Цетиње ги завршија контролните средби и ги завршија еднонеделните подготовки во Будва. Лошиот почеток на натпреварот на охриѓани, одлично го искористи тимот на Ловќен кој поведе со четири голови разлика. Предноста домашниот состав ја задржа до крајот на полувремето.

Во второто полувреме, „гладијаторите“ ги намалија грешките на минимум, но не успеаја да ја анулираат предноста на Ловќен, кој на крајот славеше со 25-24. Најпрецизен во составот на Охрид беше Денис Тот со шест голови, а еден помалку постигна капитенот Крсте Андоновски.

Во претходните два натпревари избраниците на Раде Стојановиќ славеа на дуелите со Тиват односно Будва. Охриѓани в среда ги очекува нов тест натпревар, против косовскиот шампион Беса.