Охрид задржа уште двајца ракометари

Тимот на Охрид денеска ги официјализираше новите договори со уште двајца ракометари, кои долго време се во тимот покрај езерото.

Капитенот Крсте Андоновски и миленикот на навивачката група „Рибари“ најмалку уште една година ќе го носи дресот на Охрид.

Пивотменот Иван Тасески, кој потекнува од Охрид, исто така го продолжи договорот со матичниот клуб на уште една година.

Претходно, екипата на Раде Стојановиќ ги задржа левиот бек Мартин Манасков и голманот Никола Даниловски во ростерот за следната сезона.

Нови договори потпишаа и тројцата интернационалци во тимот – голманот Јагош Брауновиќ, средниот бек Филип Кривокапиќ и десниот бек Денис Тот.