Охрид ги чува најдобрите – нови договори потпишаа Даниловски и Манасков!

Поранешниот младински репрезентативен голман Никола Даниловски, како и левиот бек Мартин Манасков и во следната сезона ќе настапуваат на Охрид.

Тие двајца потпишаа нови едногодишни договори и ќе бидат дел од составот на Раде Стојановиќ, кој го задржа костурот на екипата.

„Даниловски и Манасков остануваат во Охрид. Преговорите се одвиваа без пречка и веднаш постигнавме договор со ракометарите. Во најскоро време очекуваме да пуштиме рака и со другите играчи, кои беа дел од минатата сезона“, изјавија од клубот за Ohridnews.

„Гладијаторите“ претходно ја продолжија соработката со тренерот Раде Стојановиќ и триото интернационалци Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот.