ОФИЦИЈАЛНО: Чантурија потпиша за екипата на Прилеп

Повратникот во Супер лигата, Прилеп после засилувањето на тренерската позиција со назначувањето на Горан Кузманоски за предводник на тимот добива големо засилување и во играчкиот кадар во репрезентативецот на Грузија, Реваз Чантурија.

Како што 24Ракомет веќе најави, ова е само официјализирање на договорот со ракометарот од Грузија кој има македонски пасош.

Десното крило кое во последната сезона го носеше дресот на Металург, сега се сели во Прилеп каде што ќе биде од голема помош за тимот со своето искуство. Чантурија ќе донесе и суперлигашко, но и искуство од настапите во европските купови.

Чантурија е играч кој има играно за неколку екипи во Македонија, а беше дел и од Вардар, Металург и Пелистер. Покрај тоа играше и за Струмица. Ова е само продолжување на засилувањето на тимот, а сигурно ќе има уште нови имиња.