ОФИЦИЈАЛНО: Петровски е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Како што најави 24Ракомет пред пет дена, левиот бек Дарио Петровски е нов ракометар на Еурофарм Пелистер.

23-годишниот бек денес официјално беше промовиран во дресот на „фармацевтите“. Петровски е лев бек, изданок на битолската школа и во кариерата го носеше дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Тој веќе се стави на располагање на стручниот штаб и денес ќе го одработи првиот тренинг. Утре се очекува неговото деби на натпреварот против Струга во првото коло од плеј-офот.

Со приклучувањето на Петровски, клубот продолжува со својот проект да им даде шанса на младите македонски ракометари. Сличен случај е потписот на Цветан Кузманоски пред две недели.

Еурофарм Пелистер се засили со поранешен младински репрезентативец