Еурофарм Пелистер се засили со поранешен младински репрезентативец

По левото крило Цветан Кузманоски, уште еден ракометар направи трансфер од вториот во првиот тим на Еурофарм Пелистер.

Станува збор за некогашниот младински репрезентативец Дарио Петровски, кој беше меѓу клучните фигури во тимот на Александар Јовиќ што обезбеди место во разигрувањето за титулата.

Средниот бек потекнува од битолската школа, настапуваше и за Струга, но се врати во Еурофарм Пелистер. Тренерот Жељко Бабиќ сега ќе има плус уште една алтернатива на бековските позиции за европските и домашните настапи.

Покрај Петровски, тука се Марио Танкоски и босанскиот интернационалец Јосип Периќ, а битолчанецот би можел да го има своето деби во првото суперлигашко коло од плеј-офот.