ОФИЦИЈАЛНО: Никола Димитров потпиша за Младост Богданци

Досегашното десно крило на Еурофарм Пелистер 2, Никола Димитров, во следната сезона ќе има нов предизвик.

Тој стави потпис на едногодишниот договор со новиот суперлигаш Младост Богданци, каде ќе формирал дуо со Иван Стојчевски.

Станува збор за играч што потекнува од битолската школа, а во меѓувреме играше за Вардар Јуниор и Работнички пред да се врати во Битола.

Тимот од Богданци ги продолжи договорите со најголем дел од играчите од минатата сезона кои играа во Првата лига, а досега се засили со пикерот Василевски и десното крило Стојчевски.