ОФИЦИЈАЛНО: Недим Ремили во Веспрем до 2026 година!

Францускиот репрезентативец Недим Ремили е нов ракометар на унгарскиот вицепрвак Веспрем, со кој потпиша договор до 2026 година.

Ремили од почетокот на оваа сезона беше член на полскиот Келце, но овој клуб има големи финансиски проблеми, а Французинот е првиот од ракометарите кој го напушта бродот што може да потоне.

Веспрем му плати висока оштета на Келце за леворакиот ракометар, кој потекнува од Кретеј, а шест сезони го носеше дресот на ПСЖ.

Ремили ќе биде прва опција на десната бековска позиција во Веспрем, каде што е Зоран Илиќ, додека оваа сезона ќе ја пропушти Јахја Омар, кој скина лигаменти.

Веспрем најпрво се обиде да го донесе Бранко Вујовиќ од Хановер, но Германците бараа висока оштета, а кога на трансфер пазарот се појави Ремили, унгарскиот тим се откажа од ангажман на Вујовиќ.