ОФИЦИЈАЛНО: Димитар Димитриоски уште две години во Вардар!

Левото крило на Вардар и на македонската репрезентација, Димитар Димитриоски, ја продолжи соработката со актуелниот европски шампион.

Димитриоски потпиша договор со новото раководство и ќе остане во СЦ „Јане Сандански“ во следните две сезони.

Левото крило може да покрие и на среден бек, па тренерот Алушовски ќе има поголем избор за таа позиција, која се уште не е комплетирана.

Покрај Димитриоски, соработката ја продолжија Дибиров, Дисингер, Чупиќ, Калараш, Стоилов, Ристовски, Мишевски, како и младите Атанасовски, Гашовски, Крстевски, Кизиќ и Карапалевски.

Досега Вардар се засили со Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски, Гаџа и Векиќ, а во следниот период се очекува уште најмалку двајца играчи од бековската линија.