ОФИЦИЈАЛНО: Дибиров го замени Вардар со Загреб

Како што најави 24 Ракомет, ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров во следната сезона ќе го носи дресот на хрватскиот шампион Загреб.

Раководството на клубот ја официјализираше соработката со искусниот ракометар, кој со „плинарите“ потпиша договор на една сезона.

Русинот со Вардар освои две европски шампионски титули во 2017 и 2019, четири титули во СЕХА лигата, како и седум титули во Суперлигата и седум во Купот на Македонија.

 

Загреб претходно ангажираше уште неколку квалитетни засилувања, меѓу кои и Вуко Борозан, со цел да оствари подобри резултати во новата сезона во Лигата на шампионите, како и да ја одбрани дуплата круна на домашна сцена.

Загреб го бара Тимур Дибиров – двете страни преговараат за трансфер