ОФИЦИЈАЛНО: Данил Шишкарев стана „мечка“

Некогашното десно крило на Вардар, Данил Шишкарев, кој освои две титули во ЛШ со македонскиот тим, ќе има нов клуб во новата сезона.

По седум сезони минати во странство тој се врати во рускиот шампион Чеховски Медведи, со кој потпиша договор на една сезона и ќе биде дел од Лигата на Европа.

„Го раскинавме договорот со Веспрем со заедничка согласност. Ми стигна понуда од Чеховски Медведи и нормално ја прифатив. Добро ја знам екипата, со традиција и систем на подготовки кој ми одговара. Ќе играме во Лигата на Европа, што исто така беше важно за мене. Добив можност да соработувам пак со Владимир Максимов“, вели Шишкарев.

Рускиот репрезентативец кој има 33 години ја почна кариерата во Динамо Астрахан, пет сезони играше за „мечките“, шест сезони беше дел од Вардар, а последната година ја мина во Веспрем.