ОФИЦИЈАЛНО: Граџан е нов ракометар на Олимпијакос

Како што најави 24Ракомет пред извесен период, репрезентативецот на БиХ и довчерашен играч на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан во новата сезона ќе настапува за грчкиот шампион Олимпијакос.

Од шампионот на нашиот јужен сосед денес го потврдија трансферот на босанскиот ракометар, кој со раководството на клубот потпиша едногодишен договор, со можност да биде продолжена соработката на уште една сезона ако двете страни бидат задоволни.

Босанскиот пивот пет сезони мина во Еурофарм Пелистер и беше меѓу најдобрите ракометари на битолскиот тим, со кој играше во европските купови и во СЕХА лигата.

Граџан потекнува од Горажде, го носеше и дресот на Борац Бања Лука, потоа замина во Турција, пред да се пресели во Битола.

Олимпијакос во новата сезона ќе атакува повторно на титула и на добар резултат во Европскиот Куп, па за таа цел ги ангажира австриските интернационалци Томас Бауер и Роберт Вебер, како и францускиот лев бек Оливие Њокас.

Од Битола во јужниот сосед: Елмир Граџан се сели во Олимпијакос!