ОФИЦИЈАЛНО: Гоце Георгиевски е нов ракометар на Вардар!

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски од денеска е нов ракометар на европскиот шампион Вардар.

Десното крило кое последните три години играше за романскиот ЧСМ Букурешт, се враќа во татковината.

По настапите за матичниот Металург, ова ќе биде нов македонски предизвик за популарниот „Џомба“.

Иако во комбинација беше и тимот од Автокоманда, сепак Георгиевски се реши за „црвено-црниот“ тим и ќе формира одлично дуо со Иван Чупиќ на десно крило.

Вардар претходно го засилија Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов, Филип Талески и францускиот голман Робин Кантегрел.