Одложен е натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје

Смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше член на Бутел Скопје денес ја потресе македонската спортска јавност, а дуелот кој требаше да го играат Вардар и Бутел утре како и што се очекуваше е одложен.

Очекувано беше Вардар и Бутел да не го играат натпреварот овој викенд после трагичниот настан. Информацијата за одложување на натпреварот ја потврдија и од таборот на Вардар.

Новиот термин во кој ќе се одигра овој натпревар ќе биде дополнително одреден.