ОФИЦИЈАЛНО: Бразилецот Дутра го засилува шампионот Вардар

Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира (26) најмалку до крајот на сезонава ќе биде член на Вардар, откако македонскиот шампион потпиша договор со бекот да игра во „црвено-црниот“ дрес.

Тој е првото засилување за пролетниот дел и доаѓа од екипата на Ла Риоха од Шпанија. Договорот со Дутра е со важност до крајот на сезонава, и можност за продолжување за најмалку уште една.

Дутра игра на позицијата лев и среден бек и треба да биде засилување за нападот на Вардар.

Тој е одличен индивидуалец кој е особено силен во играта „еден на еден“ и зад себе има и интернационална кариера во Висла Плоцк во Полска, и уште три сезони во Куенка од Шпанија. Дутра е на списокот на селекторот на Бразил за СП во Полска и Шведска, и во Скопје треба да се приклучи по завршување на Мундијалот.

Бразилски шмек во Вардар – доаѓа левиот бек Леонардо Дутра!