ОФИЦИЈАЛНО: Борко Ристовски и Марко Мишевски се враќаат во Вардар!

Тимот на Вардар во продолжение од сезоната ќе има двајца нови ракометари. Станува збор за двајцата репрезентативци Борко Ристовски и Марко Мишевски, кои се всушност повратници во тимот чиј дрес го носеа во минатото.

Тоа го потврди тренерот Стевче Алушовски на прес конференција по натпреварот со Монпелје.

„Од понеделник во тимот на тренинг ќе ги имаме Борко Ристовски и Марко Мишевски. Мишевски е играч кој може да го имаме во ротацијата. Борко исто така ќе ни се приклучи на понеделничкиот тренинг. Тоа е тимот што ќе го имаме до крајот на сезоната и во Лигата на шампионите и во домашниот шампионат“, изјави Алушовски.

Ристовски беше дел од Вардар во два наврати од 2001 до 2003 година, како и од 2010 до 2012 година, а последните година и пол ги мина во Бенфика. Мишевски, пак, една полусезона беше член на францускиот Гренобл, откако во минатото играше за Вардар Јуниор и лани за Вардар.