ОФИЦИЈАЛНО: Алекса Милошевиќ е нов десен бек на Охрид

Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Алекса Милошевиќ, е нов ракометар на тимот на Охрид.

Десниот бек последните шест месеци ги помина во Црвена Ѕвезда, а овој трансфер го најави 24Ракомет пред неколку недели.

23-годишниот Милошевиќ веќе има искуство со настап надвор од Србија и се чини дека ќе биде добра замена за Денис Тот кој се пресели во Бутел Скопје.

Кариерата ја почна во Пријепоље каде што е роден, а има играно и за Нови Пазар и Решица во Романија. За младинската репрезентација на Србија настапуваше на Светското првенство во 2018 година.

Охриѓани претходно се засилија со десното крило Мице Шилегов, а ги продолжија договорите со Крсте Андоновски, Јагош Брауновиќ, Мартин Манасков, Филип Николов, Иван Тасески и Филип Кривокапиќ.

Охрид најде замена за Тот – доаѓа двометраш од Србија