Охрид најде замена за Тот – доаѓа двометраш од Србија

Ракометар од Србија кој има 23 години е пред потпис на договор со екипата на Охрид и би бил одлична замена за Денис Тот кој се пресели во Бутел Скопје.

Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Алекса Милошевиќ, кој настапува за екипата на Црвена Звезда според информациите на 24Ракомет е пред траснфер во Македонија, а Охрид е неговата следна дестинација.

Станува збор за игра кој настапува на позицијата десен бек, а веќе има искуство со настап надвор од Србија.

Кариерата ја почна во Пријепоље каде што е роден, а има играно и за Нови Пазар и Решица во Романија. За јуниорската репрезентација на Србија настапуваше на Светското првенство во 2018 година. Во Црвена Звезда пристигна во зимскиот преоден рок, но веќе е јасно дека ќе си замине.

На Охрид му треба десен бек што ќе може да бие од далечина и сигурно играч кој има околу 200 сантиметри ќе биде добра замена за Денис Тот.