Официјализирани уште два трансфери: Вардар ги потврди Талески и Георгиевски (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар потврди уште два трансфери за претстојната сезона, а станува збор за двајца македонски репрезентативци.

Тоа беше одамна познато, сега е и официјализирано. Левиот бек Филип Талески потпиша договор на една сезона, додека десното крило Гоце Георгиевски ќе остнае две сезони.

Талески се враќа во Македонија по настапите за бундеслигашите Рајн Некар Левен и Балинген, додека Георгиевски исто така е повратник, а доаѓа од романскиот ЧСМ Букурешт.

Вардар претходно ги потврди голманот Кантегрел, како и бековите Гаџа и Векиќ, па останува да се потврди трансферот на Ловро Јотиќ.