Откажан Ф4 во францускиот Лига куп: Нант и Лазаров нема да се борат за прв трофеј сезонава!

Завршниот турнир во Лига Купот на Франција, кој требаше да се одржи претстојниот викенд во градот Ле Ман е откажан.

Нант, каде што игра капитенот Кире Лазаров, ПСЖ, Тулуз и Шамбери требаше да играат на Ф4, но по најновата одлука ќе останат дома.

Француската ракометна федерација во соработка со локалните власти, најпрво реши да се игра турнирот, но со најмногу 1.000 гледачи.

Сепак, откако стана јасно дека бројката на заразени со коронавирусот секојдневно се зголемува, беше решено Ф4 да биде откажан, а дополнително ќе биде утврдено дали и кога ќе се одржи.