„Отворено зборуваме за сите добри и лоши работи, хемијата е тоа што го краси овој тим“

Репрезентацијата на Србија полека фаќа ритам во подготовките за настапот на Европското првенство. Селекторот Ненад Перуничиќ порача дека нема никаков хаос во националниот тим по објавата дека помошникот бил отпуштен по СМС порака, па неговите избраници на мир тренираат во базата во Ковилово.

Некогашниот член на Работнички и на Металург, Вања Илиќ, вели дека атмосферата е на врвно ниво.

„Нови предизвици, старо друштво, веќе сме воиграна екипа. Едвај чекаме да почне првенството, да заиграме и да го правиме она што најдобро го знаеме. Долго време сме заедно во ист состав со мали измени, па нема никакви непознаници. Костурот е тој, меѓу нас има вистинска другарска атмосфера и мислам дека тоа ќе се пресликаи на теренот. Хемијата го краси овој тим. Екипата е сложна, работиме како тим и се бориме како лавови. Мислам дека никогаш не било така во оваа репрезентација, сега отворено зборуваме за сите убави и лоши работи, се бодриме и тоа е нашата сила“, вели Илиќ за српски „Журнал“.

Србија на ЕП ќе игра во групата А во Грац со селекциите на Црна Гора, Хрватска и Белорусија.