Остроушко прв стрелец во ЛШ, тројца вардарци меѓу најдобрите 20 (ФОТО)

Иако во седмото коло Еурофарм Работник го доживеа најубедливиот пораз во Спортигн во Лисабон и понатаму левиот бек на тимот од Битола , Владислав Остроушко е најдобар стрелец во Лигата на шампионите. По седум одиграни кола Украинецот има постигнато 47 гола.

Втор на листата на стрелци е ракометарот на ГОГ, Емил Јакобсен со постигнати 45 гола, додека Богдан Радивојевиќ од ПИК Сегед е на третата позиција со 43 гола.

Тимур Дибиров со постигнати 37 гола е на деветата позиција, останатите двајца ракометари на Вардар се Иван Чупиќ и Даинис Кристопанс кои се на делба на 19. позиција со по 33 постигнати гола.