Останува и најдобриот стрелец: Бобан Блажески уште една година во Охрид

Тимот на Охрид продолжува со склопување на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона.

Продолжена е соработката на уште една сезона со десното крило Бобан Блажески, а за најдобриот стрелец следната ќе биде петта година во охридскиот клуб.

Од ланската екипа, тимот на Охрид ги задржа интернационалците Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот.

Од домашните ракометари останаа Никола Даниловски, Мартин Манасков, Иван Тасески и Крсте Андоновски, а договорот го обнови и тренерот Раде Стојановиќ.