Опериран капитенот на Вардар – Стоилов го реши проблемот со носот!

Капитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов, имаше хируршка интервенција на носот.

Станува збор за рутинска операција на искривување на носната преграда, кое го отежнуваше неговото дишење.

Кружниот напаѓач за десетина дена треба да биде на контрола, а по решавањето на овој проблем, Стоилов ќе има многу полесно дишење на нос и, што е најважно, многу повеќе физичка кондиција.

Вардар ќе ги започне подготовките за новата сезона на 18 јули, а тренерот Алушовски ќе го има на располагање и капитенот Стоилов.