Ончев уште една сезона во Радовиш

Левиот бек Иванче Ончев, се договори за нова соработка и потпиша договор на уште една сезона со составот на Радовиш.

Иако радовишани оваа сезона ќе го загубат суперлигашкиот статус, сепак посакуваат експресен камбек во елитното друштво и веќе почнаа со склопување на ростерот.

Меѓу првите со кои беше продолжена соработката е токму Ончев, кој претходни ги носеше дресовите на Астраион, Борец Велес и Македонија Ѓорче Петров.

Радовиш во новата сезона нема да смета на искусниот голман Славјан Паунов, кој ќе го засили прволигашот Бисинов Фруит Ленд.