Ончев: Работиме напорно, нашиот млад тим може да направи голем успех

Тимот на Охрид беше најмногу активен на трансферот и донесе многу нови ракометари пред стартот на новата сезона.

Еден од нив е левиот бек Тоше Ончев, кој по една сезона во словенечкиот Тримо Требње се враќа во Македонија.

„Ќе биде многу тешка сезона. Имаме добри противници, силни екипи. Нашиот тим е млад, но работиме напорно и мислам дека можеме да направиме голем успех. Ракометот не е спорт за еден играч, на теренот има седум играчи кои играат, ова е колективна игра. Мора да победуваме како екипа, а не индивидуално. Сакаме поддршка од трибините, а ние ќе дадеме се од себе да ги израдуваме“, изјави Ончев.

Првите пријателски средби Охрид ќе ги одигра во Маврово против Еурофарм Пелистер 2, а потоа ќе биде домаќин на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.