Олсон: Нѐ очекува тежок дуел против Македонија

Селекцијата на Холандија, која во првото коло на Светското првенство 2023 целосно ја надигра Аргентина, денес силите ќе ги одмери со Македонија.

Новиот селектор на Холандија, Штафан Олсон е претпазлив за денешниот дуел против избраниците на Кире Лазаров.

Искусниот стратег имаше пофални зборови за Македонија истакнувајќи дека нема да биде лесно да се игра против ,,црвено жолтите”.

,,Знам дека нѐ очекува тежок дуел со Македонија. Јас имам голема почит кон оваа селекција. До овој момент целосно бевме фокусирани на Аргентина, сега ќе се насочиме за Македонија и очекувам добар натпревар. Секако, се надевам дека ќе победиме ние. Среќен сум како одигравме против Аргентина, презадоволен сум од одбраната, особено голманите беа одлични. Сепак, треба да останеме цврсто на земја“, изјави Олсон.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија ќе започне со почеток од 18:00 часот.