Во новата сезона: Ќе има преноси од сите натпревари од Првата и Женската лига

Натпреварите од машката Суперлигата веќе неколку години наназад се пренесувааат на You Tube каналот на Ракометната федерација на Македонија, а дел од нив одат и во ТВ пренос на националниот сервис.

Од оваа сезона истото ќе важи и за дуелите од Првата лига и од Женската лига. Ако до минатата сезона тоа беше само по желба на клубовите, од оваа сезона ќе биде задолжително, иако допрва треба да бидат прифатени овие предлог пропозиции од страна на клубовите.

РФМ предвидува казна од 30.000 денари, доколку некој од клубовите домаќини не обезбеди пренос од натпреварите.

Доколку овој предлог биде прифатен, љубителите на ракометот ќе имаат можност да следат маратони од ракометни преноси.

Ќе има по шест од Суперлигата, по десет од Првата лига и најмалку шест од Женската лига. Суперлигата започнува на 8/9 септември, додека допрва ќе бидат дефинирани и почетоците на останатите конкуренции.