Од српски тим и борба за опстанок до француската елита

Еден од најталентираните ракометари од Србија, Александар Антиќ, направи трансфер од соништата и од клуб кој се бореше за опстанок во својата татковина стигна до француската лига, која е меѓу најквалитетните во Европа.

Антиќ, кој игра на позиција десно крило и кој има само 20 години, во следните четири сезони ќе го носи дресот на Ним, клуб кој заврши на 5. позиција во изминатата сезона во Франција и повторно избори настап на европска сцена.

Талентираното крило покажа одлични настапи во дресот на Обилиќ Белград, во штотуку завршената сезона на 18 одиграни натпревари постигна 74 погодоци и веднаш стана мета на неколку квалитетни клубови.

Новиот играч на Ним моментално е на подготовки во Шабац со развојниот тим на српската репрезентација, во која се и Андреј Трнавац, Урош Којадиновиќ, новиот вардарец Марко Срдановиќ, екс пелистерецот Никола Ивановиќ, Иван Мичиќ…

Претходната сезона, кадетскиот репрезентативец на Србија, Војин Чабрило, направи трансфер од Црвенка во Тулуз.