Од петок до недела – претпоследно суперлигашко коло што може да реши повеќе дилеми

Од утре до недела ќе се одиграат осум натпревари од 13 коло во Суперлигата, по што може да биде познат и осмиот патник во суперлигашкиот плеј-оф.

Во групата А познати се три патници во плеј-офот – Вардар, Алкалоид и Бутел Скопје, додека Охрид со триумф (или реми) против Струга, ќе биде последниот патник во разигрувањето за титулата.

Вардар е сигурно прв на табелата и пренесува три бода, Алкалоид со триумф над Вардар Неготино е сигурно втор и би пренел два бода, додека Бутел Скопје е блиску до третото место во групата и еден бод во плеј-офот.

Во групата Б веќе се познати сите патници во разигрувањето за титулата, а по 13 коло би можеле да биде познат и конечниот пласман. Со триумф (или реми) во Кавадарци, Еурофарм Пелистер е сигурно прв и би пренел три бода во плеј-офот.

Тоа би значело и второ место за Пролет и два бода во следната рунда, додека Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 (ако слави кај Радовиш) во последното коло ќе се борат за третото место што значи еден бод во плеј-оф.

Суперлига, 13 коло, распоред на натпревари:

Група А

2/12, 13:00, Вардар – Куманово
3/12, 12:00, Алкалоид – Вардар Неготино
3/12, 18:30, Охрид – Струга
4/12, 14:00, Прилеп – Бутел Скопје

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122

Група Б

2/12, 18:00, Јуниор КВ – Голден Арт
2/12, 18:30, Пролет – Скопје
2/12, 19:30, Тиквеш – Еурофарм Пелистер
3/12, 18:00, Радовиш – Еурофарм Пелистер 2

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126