Од Мешков Брест си одат шест ракометари – еден сигурно доаѓа во Македонија, можеби уште двајца!

Белорускиот шампион Мешков Брест на официјалниот веб сајт објави дека за следната сезона нема да смета на шестмина ракометари.

Договорите им завршија на пикерите Бранко Канкараш и Даниел Андреев, а црногорскиот репрезентативец веќе најде нов ангажман и потпиша за Металург. Нема да биде продолжена соработката и со некогашниот член на Металург, Дарко Ѓукиќ, како и со левиот бек Вилијам Акамбре.

Иако беа обврзани на уште една сезона, сепак бековите Немања Обрадовиќ и Артем Кулак спогодбено ги раскинаа договорите со Мешков Брест.

И поранешниот бек на Металург, како и белорускиот плејмејкер се понудени на европскиот шампион Вардар, па би можеле да ги следат стапките на Канкараш и да се преселат во Македонија следната сезона.