Од Металург уверуваат: Подготвени сме за корона, тренинзите продолжуваат

Трите екипи на Металург во сениорска конкуренција ќе продолжат со работа во следниот период и нема да има пауза во тренажниот процес. Во следниот период влезот во салата ќе биде најстрого контролиран така што нема да можат да влегуваат лица кои не се дел од клубот односно од трите екипи.

Според информациите во салата во „Автокоманда“ се подготвени и имаат доволно средства за дезинфенкција така што би требало да има услови за одржување на тренинзи.

„Нашите сениорски тимови ќе тренираат и во следниот период. Набавивме доволно средства за дезинфекција така што ќе можеме без проблеми да ги извршуваме тренинзите. Здравјето на нашите ракометари е во прв план и ги преземаме сите мерки за да ги заштитиме. Засега нашата одлука е да продолжиме со работа, но го следиме будно развојот на ситуацијата“, вели претседателката на Металург, Зорица Блажевска за 24Ракомет.

Инаку, Металург има три екипи кои играат во сениорска конкуренција. Двата машки состави се во Супер лигата, а тука е и женскиот тим.

Што се однесува до младинците тие од денеска се распуштени и нема да бидат на тренинзи. Натпевари нема да се играат најмалку две недели во ниту една конкуренција.