Од гол-шоуто на Њокас еден погодок е во ТОП 5 (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар стигна до првата победа сезонава во Лигата на шампионите, откако славеше над Мешков Брест со 35-27.

Најдобар стрелец кај вардарци беше францускиот интернационалец Кевин Њокас, кој постигна осум гола.

Еден од погодоците на најновото засилување за „црвено-црниот“ тим се најде во изборот ТОП 5 на колото во ЛШ.

Најубавите погодоци од второто коло, меѓу кои и оној на Њокас, можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.