Одложен стартот на регионалната БЕНЕ лига

Раководството на регионалната БЕНЕ лига одлучи да го одложи стартот на ова натпреварување, кој беше планиран за почетокот на септември.

Панданот на СЕХА лига, во кој играат екипи од Белгија и Холандија, нема да се игра во планираните термини поради многубројните позитивни случаи на коронавирус во овие две држави.

Новиот термин би требало да биде соопштен на 11 август, но претпоставката на холандските медиуми е дека ќе биде во втората седмица од октомври.