Одложен натпревар од групата на Вардар: Позитивни се Житников и Калман, ПИК Сегед не патува во Норвешка!

Европската ракометна федерација одложи еден натпревар од седмото коло во најелитното клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Станува збор за дуел од групата каде што игра Вардар, а тоа е мечот меѓу Елверум и ПИК Сегед што требаше да се игра во Норвешка.

Во унгарскиот клуб има три нови позитивни случаи, меѓу кои Јонас Калман и Дмитри Житников, а тимот е во карантин, па ЕХФ немаше друго решение.

Останатите седум средби од осмото коло, меѓу кои и дуелот на Вардар и Келце, би требало да се одиграат во предвидениот термин.