Одложен е натпреварот меѓу Младост и Металург!

Едниот од трите натпревари што требаше да бидат на програмата утре од 5. коло во групата Б од Суперлигата е одложен.

Станува збор за средбата меѓу Младост Богданци и Металург, кој е одложен поради европските обврски на тимот од Автокоманда.

Тимот од Богданци одговори позитивно на барањето на Металург, па избраниците на Зоран Кастратовиќ добија ден повеќе за подготовки за дуелот со Криенс.

Реванш средбата меѓу Металург и швајцарскиот тим се игра на 29 септември, додека новиот датум за средбата меѓу Младост и Металург ќе биде дополнително познат.