Одложени и баражите за Мундијалот во Египет!

Поради ширењето на коронавирусот, Европската ракометна федерација ги одложи сите клупски и репрезентативни натпревари до 12 април.

Беа одложени натпреварите од квалификациите за пласман на ЕП 2020 во женска конкуренција, потоа четвртфиналните и осминафиналните двобои од женската и машката Лига на шампионите, како и натпреварите од Купот на ЕХФ и Челинџ Купот во двете конкуренции.

Но се чини дека тој рок ќе мора да биде продолжен, па ЕХФ ќе ги одложи првите баражи за Мундијалот во Египет 2021, кои требаше да се играат на 15/16 и 18/19 април.

Тоа значи дека и за овие средби ќе мора да се бара алтернативен термин во мај, евентуално јуни, со голед на тоа што и натпреварите од вториот бараж треба да се играат во јуни.

Одложени натпревари:

Турција – Русија
Литванија – Полска
Летонија – Израел
Босна и Херцеговина – Романија