Одложениот натпревар поради смртта на Тот доби нов термин

Дуелот меѓу Вардар и Бутел Скопје, кој беше одложен поради смртта на хрватскиот интернационалец Денис Тот, доби нов термин.

Натпреварот од 4 коло во суперлигашкиот плеј-оф што требаше да се игра на 9 април, ќе се игра на 23 април.

Следната сабота „црвено-црните“ ќе бидат домаќини на Бутел Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 12:00 часот.

Претходно двата тима ќе ги одиграат средбите од 5 коло во Суперлигата – Вардар ќе гостува кај Тиквеш, а Бутел Скопје е домаќин на Еурофарм Пелистер.